
ФОНДОТ НА ПИОМ ИЗВЕСТУВА ДЕКА ДОКОЛКУ ЗАОСТАНАТИТЕ ПРИДОНЕСИ ЗА ПИО НАСТАНАТИ ЗАКЛУЧНО СО 31.12.2008 ГОД., СЕ ПЛАТАТ ДО 30.11.2013 ГОД., ЌЕ СЕ ОТПИШАТ КАМАТИТЕ.
Сметководствен центар
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ги информира фирмите кои немаат платено придонес за ПИО, дека стапи на сила Законот за отпишување на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување. Законот дава можност на фирмите да им се отпишат каматите по основ на неплатени придонеси за ПИО, кои настанале заклучно со 31 декември 2008 година. ПОЕДНОСТАВЕНА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, НОЌНА РАБОТА, РАБОТА НА ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ...
Сметководствен центар
Пријавите откако ќе бидат пополнети со потребните податоци, со потпис и печат на работодавецот истите треба да бидат скенирани и испратени до Државниот инспекторат за труд на следната е-маил адреса: prijava@mtsp.gov.mk
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МАРТ 2013 ИЗНЕСУВА 0,9%
Сметководствен центар
Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари - март 2013 во однос на просекот за 2012 година изнесува 0,9%, или, коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,009 МИНИМАЛНАТА НЕТО ПЛАТА ЗА 2013 ГОДИНА= 8.050 ДЕНАРИ
Сметководствен центар
Висината на минималната нето плата за 2013 година која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена со полно работно време и со исполнет нормиран учинок останува иста како и во 2012 година и истата изнесува 8.050 денари, или 12.268 ден. бруто. За одделите: 13-производство на текстил; 14-производство на облека и 15 -производство на кожа и слични производи од кожа минималната нето плата за 2013 година изнесува 6.859 денари, или 10.990 ден. бруто.
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА ФЕВРУАРИ 2013 ИЗНЕСУВА 1%
Сметководствен центар
Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари - февруари 2013 во однос на просекот за 2012 година изнесува 1,0%, или, коефициентот за директно множење на месечната даночна основа за плаќање на данокот на добивка изнесува 1,010. ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА МЕСЕЦ 01/2013 ГОД.
Сметководствен центар
Просечната месечна бруто плата изнесува 30.595. Минималната бруто основица за пресметка на придонесите изнесува 15.298, а највисоката основица 183.570. Најниска нето плата за исплата изнесува 8.050 ден. Види пресметки...
ОБЈАВЕНО ЛИЧНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА 2013 ГОД.
Сметководствен центар
Личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.269,00 денари и ќе се применува со исплатата на јануарската плата во 2013 год.. На годишно ниво изнесува 87.228,00 ден. (7.269,00х12 месеци) ОД 16 МАРТ 2013 ГОД. ГОДИШНИТЕ СМЕТКИ И ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ МОРА ДА СЕ ПОТПИШУВААТ ОД ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Сметководствен центар
Со дополнување на членот 476 од ЗТД, од 16 март 2013 год. годишните с/ки и финансиските извештаи мора да ги потпишува овластен сметководител, при што го наведува датумот на составување и потпишување и регистарскиот број под кој е заведен овластениот сметководител во Институтот на овластени сметководители. ОД 01.01.2013 ГОД. НАЈНИЗОК АПОЕН НА ДЕНАРОТ ВО ПРОМЕТОТ И ДЕЛОВНИТЕ КНИГИ
Сметководствен центар
Со Одлуката за најнискиот апоен на денарите во прометот се пропишува дека најнискиот апоен на денарите во прометот со кој се заокружува крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги изнесува 1 денар. Оваа Одлука ќе се применува од 1 јануари 2013 година. УЈП: УШТЕ ЕДНА СЕДМИЦА ЗА МЕСЕЧНИТЕ ДДВ ОБВРЗНИЦИ ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ПРИЈАВИ
Сметководствен центар
Фирмите во наредните седум дена треба да ги обезбедат сите предуслови (Интернет, е-Пошта и Дигитален сертификат на USB токен) и да се регистраат за користење на електронските даночни услуги https://etax-fl.ujp.gov.mk/. Истото се однесува и за сметководствените бироа кои треба да обезбедат еден Дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа (Македонски Телеком или КИБС), кој ќе можат да го користат за сите свои клиенти/даночни обврзници. УЈП: ЈАВЕН ПОВИК ЗА УРЕДНА ДОСТАВА НА РЕШЕНИЈА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
Сметководствен центар
Врз основа на член 86 и член 87 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ” бр.38/05...51/11), Управата за јавни приходи ги повикува долунаведените лица, во рок од осум (8) дена од денот на објавувањето на оваа објава ИЗMЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
Сметководствен центар
Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се објавени во „Службен весник на РМ“, бр.155 од 10 декември 2012 година. УЈП: НОВИ ОБРАСЦИ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА И ЗА ДДВ
Четврток, 09 Август 2012 23:49
Сметководствен центар
УЈП воведува четири нови обрасци и тоа: 1) Барање за издавање на потврда за регистриран/нерегистриран ДДВ обврзник (образец ДДВ-БП); 2) Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01); 3) Пријава за дефект на фискален систем на опрема (образец ФА-ПДФС); 4) Пријава за функционалности на фискален систем на опрема (образец ФА-ФФСО) ОД 1 ЈАНУАРИ / 1 ЈУЛИ 2013 ГОД. ДДВ ПРИЈАВИТЕ И ДАНОЧНИТЕ БИЛАНСИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЌЕ СЕ ДОСТАВУВААТ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ
Сабота, 07 Јули 2012 17:09
Сметководствен центар
Преносот на податоците во електронска форма даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност на кои даночен период им е календарски месец, ќе отпочнат да го вршат од 1 јануари 2013 година, а даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност на кои даночен период им е календарско тримесечје, ќе отпочнат да го вршат од 1 јули 2013 година.
НАМАЛЕНА РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА НА НБРМ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА КАЗНЕНА КАМАТА ЗА ПЕРИОДОТ 01.07-31.12.2012
Понеделник, 02 Јули 2012 18:19
Сметководствен центар
Согласно објавата бр. 5631 на НБРМ од 29.06.2012 година, референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата се намалува од 4% која важеше за првото полугодие, на 3,75% за периодот од 01.07.2012 година до 31.12.2012 година. ОД 08.06.2012 ГОД. ЗА СИТЕ КОМПАНИИ СО НАД 100 ВРАБОТЕНИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕН ПУНКТ СО ОБЕЗБЕДЕН ЕДЕН ПРЕНОСЕН ДЕФИБРИЛАТОР И ОПРЕМЕН СО СРЕДСТВА ЗА ДАВАЊЕ ПРВА ПОМОШ
Сабота, 30 Јуни 2012 16:49
Сметководствен центар
Во Службен весник на РМ бр.67/12 објавен е Правилникот за просторот, опремата и кадарот за здравствените пунктови (донесен согласно членот 96 став 7 од Законот за здравствена заштита Сл.в. бр.43/12), со кој е предвидено задолжително организирање на здравствен пункт со обезбеден еден преносен дефибрилатор и опремен со средства за давање прва помош, како и да обучат 5 лица од редот на вработените за ракување со преносен дефибрилатор и со средствата за давање на прва помош во здравствениот пункт. ОД 1 СЕПТЕМВРИ 2012 ГОД. ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА СЕ ПРИМЕНУВА ЗАДОЛЖНИЦАТА КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА ПОМЕЃУ ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ
Сабота, 30 Јуни 2012 13:24
Сметководствен центар
Новиот инструмент – Задолжница, претставува исправа со која должникот - трговско друштво регистрирано согласно Законот за трговски друштва, дава согласност плаќањето на неговите обврски кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки кај сите носители на платен промет. Доколку не се наплати од паричните средства, задолжницата како извршна исправа, може да се наплати и од друг имот. Задолжницата нема да се користи како инструмент за наплата на приватниот сектор со државата. ИЗМЕНА ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Среда, 29 Февруари 2012 15:46
Сметководствен центар
Објавени се нови измени на Законот за здравствено осигурување („Сл. Весник на РМ“ бр.26/12 во натамошниот текст измени) кој стапува на сила од 29.02.2012 година. Овие измени меѓу другото се однесуваат на член 18 од Законот за здраствено осигурување со кој се уредува исплатата на надоместокот од плата во случај на спреченост од работа заради болест. Имено досегашното решение да овој надоместок до 21 ден паѓа на товар на работодавачот, со измените надоместокот на товар на работодавач сега е до 30 дена, а над 30-от ден на Фондот. Со измените се утврдува исплата на боледување на товар на работодавачот од првиот до последниот ден на боледување во случај кога привремената спреченот за работа поради повреда на работа настанала како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од областна на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот. ПРИЈАВИ ДАНОК НА ДОБИВКА ДО 18 ЧАСОТ!
Понеделник, 27 Февруари 2012 21:21
Сметководствен центар
Со цел навремено пријавување на данок на добивка (образец “ДБ“) и годишен данок на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“), од 27 до 29 февруари (понеделник, вторник и среда) сите даночни канцеларии на УЈП ќе работат до 18 часот. Според последните податоци, 16.879 даночни обврзници поднеле даночни биланси до УЈП, а се очекува во законскиот рок/29 февруари/ својата обврска да ја завршат уште над 60 илјади правни лица, мали и микро трговци. ЗАРАДИ ЗАДОЦНЕТА ОБЈАВА НА ПРОЦЕНТОТ ЗА МДБ ПРОЦЕНТОT ОД МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ (4,0%) ЌЕ СЕ КОРИСТИ И ЗА ЈАНУАРИ 2012 ГОД.
Четврток, 16 Февруари 2012 19:15
Сметководствен центар
Согласно со објавата на календарот на Државен завод за статистика, соопштениете за податокот за процентот за МДБ за јануари 2012 година ќе се објави на 21 февруари 2012 година. Според Законот за данокот на добивка аконтацијата за јануари 2012 година треба да се плати до 15 февруари 2012 година. Во отсуство на нов податок при плаќањето на јануарската аконтација ќе се користи процентот за МДБ за месец декември 2011 година (4%).
|
||||||||||||||||||||
|